Мерцедес ќе го промени болидот по поплаките на Хамилтон

Тото Волф му нареди на тимот да ја промени позицијата на седење во болидот за наредната година бидејќи тоа не му прилега на Луис Хамилтон. 

Седумкратниот првак во Австралија се жалеше за неговата позиција на седење во болидот, а Мерцедес веќе втора сезона не може да му парира на Ред Бул, но се надеваат дека наредната година ќе ги решат поголемиот дел од проблемите, меѓу кои и позицијата на седење. Хамилтон објасни: 

Кога возам, се чувствувам како да седам помеѓу предните трката и тоа е најлошото чувство. Сигурно нема да си среќен доколку возиш на тој начин и кога си дома. Таквото седење не ти дава можност да предвидиш како ќе се движиш и навистина се мачев со тоа – изјави луис на трката во мелбурн.

Како одговор на Хамилтон, Волф изјави дека промената доаѓа наредната година, но дека според него не е страшен проблем. 

Мислам дека не е нешто страшно, но мора да го решиме тој проблем и да не мислиме на него повеќе, сакаме да го промениме седењето и да го оптимизираме болидот.

седењето му одговара на расел, но кај Луис тоа е важно и мора да се најде компромис. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ