Мерцедес ќе му дадат поголеми одговорности на Мик

Мик Шумахер го загуби своето тркачко место лани и годинава одработува како тест, развоен и резер вен возач во Мерцедес, а тимот реши да му даде повеќе работа и да му ги зголеми одговорностите во иднина.

Германецот редовно се гледа во друштво на Тото Волф како учи, следи и анализира, а неодамна изјави дека е изненаден од тоа колку комуникација и информации се пренесуваат во екипата.

Европскиот дел од сезоната наближува, така што работните обврски на Мик ќе се зголемат, а германски Auto Motor und Sport пренесува дека од Големата награда на Емилиај Ромања, Шумахер ќе има дополнителни должности во симулаторот на тимот во Бракли. Петоците Шумахер ќе ги минува во симулаторот на тимот во фаброфабриката со цел да се тестираат различни сетирања за да се помогне на тимот на патеката, односно на Џорџ Расел и Луис Хамилтон.

По работата во симулаторот, Мик авонски ќе доаѓа на патеката, ќе биде резерва за двајцата возачи на тимот, но и за Мекларен и ќе влегува во болид доколку се укаже потреба од тоа.

Следните две трки, прво во Азербејџан, една недела потоа и во Мајами, ќе бидат многу оддалечени патеки, а низ Баку ќе има и спринт трка, така што подготовките се многу важни и поради тоа Мик ќе работи многу повеќе во симулаторот и ќе помага со сетирањето.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ