Мерцедес ќе решаваат проблеми до доцна во ноќта

Се очекува инженерите и целокупниот персонал на Мерцедес да работи до доцна во ноќта откако станаа многу загрижени по губитокот на перформанси во петок во однос на првиот тест ден, четврток.

Џорџ Расел го заврши вториот ден со 13то време и огромни две секунди заостаток зад најбрзиот круг на Гуанју Жу, додека Луис Хамилтон беше дополнителни три десетинки позади колегата. На болидот се појави и проблем со хидрауликата која го погоди Расел доцна попладнето и му го ограничи времето за возење.

Од тимот признаа дека се збунети поради губитокот на перформанси и итно ќе ги анализираат проблемите. Главниот инженер на патека, Ендру Шовлин, кој беше забележан со долг разговор со Тото Волф, објасни:

немавме добр втор ден, запревме на патеката поради дефект што не беше добро затоа што ионака се мачевме да го прилагодиме балансот ни променливите услови кои владееја.

имаме многу анализа за да разбереме што се случи денеска во однос на вчера кога бевме добри. ќе продолжиме да работиме во текот на ноќта, нема сомнеж се со цел да разбереме што точно се случило утре.

ќе биде интересно на последниот ден да видие дали сме го разбрале падот во перформанси и загубеното време на патека – вели шовлин.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ