Мишелин не се заинтересирани за Ф1

Францускиот производител на гуми, Мишелин, отфрли било каква заинтересираност за да му конкурира на Пирели во Формула 1. 

Пирели се единствен доставувач на гуми од 2011 година и имаат договор до крајот на 2024 година, но ФИА веќе го објави новиот тендер за 2025,2026, 2027 и можеби 2028 година. 

Мишелин беше во тркачката серија од 2001 до 2006 година како конкурент на Бриџстон во славната војна на гумите. Извршниот директор на Мишелин, Флорент Менегау, изјави дека тие не сакаат да се вратат во Ф1 која е фокусирана на шоуто. 

Прашањето е кај се наоѓа технологијата во шоуто. Тука Формула 1 мора да направи нешто, иако разговараме долго време, сепак немаме договор. Тие сакаат шоу каде гумите сами се уништуваат, но Ние не го сакаме тоа. 

Берни Еклсотн беше голем подржувач на Пирели и бараше гуми кои го прават тоа. 

Првиот елемент не е шоуто, Се работи за технологијата. Ние се тркаме за да имаме нова технологија. Секако тука е важно и шоуто, Но покрај тоа, мора да се изгради и свеста за брендот. Не ни е потребно тоа и не се враќаме во Ф1. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ