Мишелин против филозофијата на Ф1: Ние не испорачуваме лош производ

Изгледа дека не треба да очекуваме Мишелин да се појави како снабдувач на гуми во Формула 1 во блиска иднина.

Шефот на Мишелин, Метју Борнадел, остро зборуваше за, според него, погрешната филозофија на Формула 1.

ФИА им даде можност на другите производители на гуми да се пријават како потенцијални нови добавувачи и очекувано многу очи беа вперени во францускиот Мишелин.

Последен пат производителот на гуми беше дел од Формула 1 во 2006 година. Но, 17 години подоцна, Формула 1 и добавувачот на гуми се чини дека не се совпаѓаат во своите гледишта. На Французите не им одговара филозофијата на тркачката серија, а Борнадел не ги остава недоречени мислите за Ф1.

Сакаме да ја изразиме нашата приказна, филозофијата на Мишелин. Ние сме компанија која обезбедува квалитетни, издржливи гуми. Формула 1 е место каде што веќе се тргна наопаку – смета французинот.

Во тендерот има само половина ред насочен кон одржливост. Ним им е гајле. Можеме потоа да ги запалиме гумите и никој да не каже ништо за тоа.

Но, постои уште едно интересно прашање за Мишелин. Голем дел од стратегијата во Формула 1 е поврзан со абењето на гумите. Ако гумите не се трошат, голем дел од Ф1 исчезнува. Деградирачките пневматици исто така се спротивставуваат на суштината на брендот, кој сака да ги создаде најдобрите гуми со што е можно помало абење.

Се работи за шоуто, а не за тоа да изгледаме добро. Кога одиме на трка, сакаме да ја завршиме истата и да изгледаме добро, а не да бидеме компанија која испорачува лош производ.

Ако мислиме дека шоуто станува подобро кога производот се троши, зошто да не дозволиме болидите да се распаѓаат додека напредува трката?

Во првиот круг, губите крило, а потоа гума… – додаде Борнадел.

Како резултат на размислувањата на Борнадел, Пирели моментално ги има најдобрите шанси за да остане снабдувач на гуми во Формула 1.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ