Монако: Безгрешна победа на Верстапен

Трката започна со одличен старт на Верстапен и Алонсо кој мораше да попушти во првиот свиок во кој влезе пребрзо и да не пролизга во бариерите.

Назад на гридот Хулкенберг и Сарџент имаа контакт на Мирабеу поради што мораа да менуваат гуми.

Во вториот круг Строл пријави штета и пукната гума. Во бокс влегоа Хулкенберг, Жу и Перез кој промени на хард гуми за да оди до крај на трката.

Под истрага се најде Расел кој погрешно застанал на грид местото. Покрај него под истрага беше и Хулкенберг кој удри во Сарџент и доби 5 секунди казна.

Во седмиот круг беше одлучено дека Расел нема да биде казнет но заглави зад Гасли на осмата позиција од која стартуваше.

Саинз во 11 круг се обиде да го престигне Окон или да го примора да ги потроши гумите но со погрешна процена удри во неговиот заден дел и го скрши предното крило, но сепак остана на патеката и не влезе да менува.

Во 17 круг Саинз доби црно бело знаме. Во истиот круг Магнусен го престигна Сарџент кај Мирабоу. Строл и Перез го направија истото пред последниот свиок.

Два круга подоцна Ботас го престигна Албон.

Во 20 круг Хулкенберг го престигна Сарџент кој продолжи да тоне на гридот поради проблеми со задните гуми. Албон влезе во боксот да промени на хард гуми.

Сарџент влезе повторно да менува и овој пат излезе на софт гуми во 26 круг поради пукната задна лева гума.

Од топ 5 возачите, Хамилтон прв влезе да менува во 32 круг и излезе на хард гуми. Сите останати сеуште го чекаат дождот кој може и да не дојде.

По него влегува и Окон и излегува на седма позиција пред Хамилтон.

Кај шиканата Верстапен го престигна Строл а зад него беше и Перез кој беше престигнат за цел круг. Мексиканецот влезе пребрзо во обид да го стигне Строл но имаа контакт во 34 круг. Поради тоа Перез и Строл се под истрага.

Саинз е нареден кој менува од топ 5 возачите и сега излегува на медиум гуми зад Окон и пред Хамилтон.

Во обид да го престигне Магнусен кај шиканата Перез имаше контакт и го оштети предното крило. Во 36 круг влезе да менува гуми и предно крило и излезе на медиум гуми.

Во 38 круг продолжи војната на Магнусен и Строл и имаа контакт кај свиокот Ентони Ноњс при што беше оштетено предното крило на Строл за што и двајцата се под истрага.

Во 45 круг Леклер влезе да промени на медиум додека Верстапен се пожали дека не знае уште колку ќе издржи на неговите стартни медиум. Ред Бул чекаат да заврне за да променат гуми кај Верстапен и да ја задржи водечката позиција.

Но сепак мислењето за дожд не го делат Астон Мартин и Мерцедес кои не очекуваат дожд до крај на трката.

По 48 круга Гасли влезе да менува и излезе на медиум гуми на осма позиција.

Ландо Норис влезе да менува во 52 круг и излезе на хард гуми на 11 позиција зад својот колега Пиастри. Расел пријави дожд на патеката во третиот свиок.

Строл и Ботас променија на интермедиа гуми во 53 круг. Жу и Албон се наредните кои променија на интермедиа гуми еден круг подоцна.

Алонсо во 55 круг промени на медиум и останува да видиме дали неговата одлука ќе се покаже како исправна. По него влегува Окон, Хамилтон, Гасли и Перез на интермедија.

Верстапен е повикан да менува на интермедиа додека Саинз се изврте на патеката во првиот свиок и веднаш влегува по интермедиа гуми.

Верстапен, Пиастри, Норис и Алонсо менуваат на интермедиа. По нив влегуваат на двојно менување и Ферари. Коцката на Алонсо не се исплатеше.

Жолто знаме на Портие откако Строл запре и удри во бариерите при што го загуби предното крило.

Три круга откако сите заменија на интермедиа, Магнусен е повикан да влезе во 58 круг да промени на гуми за дожд.

Расел и Перез се под истрага за небезбедно приклучување на патеката во 59 круг. Поради ова Расел доби казна од 5 секунди. Перез промени на гуми за дожд.

Магнусен и покрај гумите за дожд излета од патеката кај Сант Девот. По него и Расел излета на истото место додека Перез се бореше со болидот но не излета и имаше контакт со бариерите.

По 62 круга и многу проблеми, Строл се откажа од трката.

Нико Хулкенберг доби 10 секунди казна поради неправилно отслужување на казна во бокс.

Во 68 круг Гасли премина преку шиканата за што доби црно бело знаме. Еден круг подоцна Пиастри го престигна Тсунода и влезе во поени на 10 позиција.

Тсунода не успеа да се задржи на патеката и во првиот свиок излета поради што мораше во рикверц да се врати назад на патеката. Претходно тој се пожали на проблеми со сопирачките.

На шест кругови до крајот Перез е повикан во боксот каде доби нови интермедиа гуми и излезе на 17 позиција.

Магнусен е последниот возач кој се откажа од трката на два круга до крајот.

Верстапен дојде до победа со предност од 28 секунди пред Алонсо.

Зад Алонсо заврши Окон и двата мерцедеса на Хамилтон и Расел. Леклер заврши на шеста позиција пред Гасли и Саинз.

Топ 10 го комплетираа двата Мекларен на Норис и Пиастри кои освоија двојни поени за тимот.

Image

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ