Монтоја: Агресивниот Верстапен се извлече

Поранешниот Формула 1 возач и победник на трки, Хуан Пабло Монтоја, смета дека на почетокот на сезоната била пропуштена шанса да се смири агресивниот Макс Верстапен. 

Оваа сезона Хамилтон и Верстапен неколку пати имаа контроверзни ситуации на патеката и најчесто агресорот беше Верстапен. Многу често се зборуваше за границите на патеката и излетувањата во Бразил и Саудиска Арабија . Во Бразил Верстапен не доби казна додека во Саудиска Арабија доби наредба да ја врати позицијата и доби казна од 5 секунди. 

Монтоја смета дека уредбата да се дозволи да се тркаат отишла предалеку и стујардите имале врзани раце за тоа како да реагираат на стилот на холанѓанецот. 

Мислам дека Макс беше суперагресивен на крајот на година и мислам дека претера, Но сепак се извлече. Кога ќе се извлечеш од тоа се прашуваш дали ќе те казнат. мислам дека стујардите сами се ставија во таа позиција бидејќи не го казнуваа на почетокот на сезоната. 

На последната трка во Абу Даби, Хамилтон водеше, но во еден момент беше престасан од Верстапен кој остана во границите на патеката додека Хамилтон мораше да кружи и излезе напред. Стујардите не го казнија овој момент и Монтоја смета дека шансите за казна биле 50-50. 

Мислам дека Макс требаше да му остави малку простор и да не му даде оправдување на Луис да отиде прешироко. Тој го истера Луис прешироко. Луис сакаше да го избегне и остана напред. 

За безбедносното возило од последниот круг кога Верстапен го помина Хамилтон тој верува дека Мерцедес погрешиле што не менувале гуми иако имале две шанси. 

Мислам дека Луис имаше преконзервативен пристап на крајот. Тој знаеше дека мора да ја заврши трката и доколку се удреа Макс ќе ја добие титулата. На крајот се плашеа да се замешаат со Ред Бул. Имаше неколку стратешки грешки. Лесно е да се суди од надвор. Но можеби доколку менуваа гуми ќе беа поспремни на крајот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ