Монтоја: На Ботас му треба решение за иднината за да нема притисок

Хуан Пабло Монтоја верува дека брзо решение за иднината на Валтери Ботс во шампионскиот Мерцедес ќе го намали притисокот врз возачот и ќе му помогне да ја врати формата.

Финецот нема договор на крајот од оваа сезона, а конкуренција и тоа сериозна за местото во Мерцедес му е младиот Џорџ Расел кој миатите три години се трка за Вилијамс. Шампионската екипа јасно стави до знаење дека нема да брза со одлуката за своите возачи, додека Валтери се мачи од почетокот на сезоната, нема повисок пласман од трето место и има освоено помалку од половина од поените на својот колега.

мислам дека ако мерцедес се искрени и му кажат дека нема повеќе да биде дел од тимот ќе биде многу подобро од сите едноставно треба да си ја знае иднината. без разлика дали ќе реѓшат да го задржат или не, треба да го направат тоа брзо затоа што во моментов е во многу лоша ситуација, има непозната иднина и поради тоа не може соодветно да си ја рабти работата, а ако биде отпуштен ќе нема време да си најде место.

тоа е најлоша ситуација во која може да биде затоа што секој возач сака да биде колку што може побрз, но не сака да греши. таа комбинација е ужасна затоа што притисокот да не испорачате е огромен и се повеќе се зголемува. како и да е, без разлика дали мерцедес ќе продолжи со него или не, мора а го ослободат од притисокот – смета хуан пабло монтоја.

По одработување на тригодишниот договор со Вилијамс, слободен за трансфер во Мерцедес е Џорџ Расел кој е долгогодишен штитеник на “сребрените“. Младиот британец импресионираше минатите три години и покрај неконкурентниот и бавен болид на тимот. Имаше можност да вози Мерцедес лани на Шакир и се покажа одлично.

мислам дека тоа што го одработе расел до сега е неверојатно. ќе видиме дали ќе може да биде репер за луис може да изгледа одлично на тренинзи како што изгледа ботас, но на трка да губи по 20-30 секунди. доколку успее да се носи со ботас, ќе има голем успех.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ