Монтоја: Несигурноста на работата може да го кочи Васур

Несигурноста на неговото работно место може да му штети на новиот шеф на Ферари, Фред Васур е мислењето на Хуан Пабло Монтоја. 

Васур беше избран за наследник на Матиа Биното кој си замина на крајот на минатата година откако не ги исполни очекувањата на тимот. 

Иако Васур е сигурен дека Ферари имаат се што е потребно за титула оваа година, Монтоја верува дека тој ќе има проблеми. 

Една од најтешките работи е несигурноста на работното место. Сите чекаат на тебе да згрешиш за да те отпуштат. тоа се гледа од страна.

Го гледате Тото и знаете дека нема да замине, исто и со Хорнер и Марко, Но во Ферари ситуацијата е поинаква. 

Монтоја очекувал Ферари да го вратат Жан Тод, но го има истото мислење за несигурноста на позицијата. 

Мое мислење беше дека тоа ќе биде Жан Тод. Не знам дали ја сакаше работата, но за мене тој е вистинскиот. Сепак, се надевам дека Ферари ќе си ја завршат работата. Имаат брз болид кој не го искористија. Победија само на почетокот и толку. 

Поранешниот возач смета дека оваа година ќе има различена борба во новата сезона. Мерцедес треба да се врати во игра покрај Ферари. 

Ред Бул треба да внимава повеќе на Мерцедес отколку Ферари. Ферари греши во боксот и со стратегиите, Но можеби со вистинскиот човек овие работи ќе се променат. Ред Бул има одлична стратегија и не изгледаат глупаво. Секогаш се трудат кон подобро. Кој може да ги победи. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ