Монтоја: Норис може да ја одлучи титулата

Поранешниот Формула 1 возач од Колумбија, Хуан Пабло Монтоја, смета дека годинештата титула може да биде одлучена од трет возач. 

Борбата за титула оваа година се води помеѓу Луис Хамилтон и Макс Верстапен и се очекува да трае до последната трка во Абу Даби. Во моментов разликата меѓу двајцата возачи е 2 поени откако Хамилтон победи во Русија, а Верстапен заврши на втора позиција. 

Верувам дека Ред Бул во моментов имаат малку побрз болид. Прашањето е како ќе се справат сите со предизвикот.

Во моментов треба да сфатиме дека Луис и Макс се на различно ниво од останатите. Серхио и Валтери имаат проблеми со болидите и други сличи работи.

Ќе биде тесно помеѓу нив двајца и ќе има трки каде некој како Ландо освојува поени – најави монтоја.

Норис дојде до пол позицијата и водеше во поголемиот дел од последната трка во Русија се додека не почна да врне. 

ТОј се докажа дека може да победи. Тоа што го направи беше доста позитивно. Тоа ми се случи на мене кога Јос помина преку мене во Бразил. Бев навистина лут. Ме престигна Шумахер иако водев. 

Тој смета дека Мекларен може да дојдат до победи и да се справат со предизвикот. 

Кога си под притисок се прават грешки. Потребно е време за вистински одлуки. Се прават грешки и нема виновници. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ