Монтоја: Перез ќе беше уништен за забавување на Хамилтон пред 20 години

Хуан Пабло Монтоја откри дека блокирањето и забавувањето на Луис Хамилтон од страна на Серхио Перез на последната трка во Абу Даби немало да мине толку добро додека тој бил дел од гридот.

Колумбиецот се тркаше во Формула 1 од 2001 до 2006 година и е запамтен како многу брз и агресивен возач кој жестоко му се спротиставуваше на Михаел Шумахер во неговат ера на доминација со спортот.

Чеко машки се бореше против Хамилтон на стари гуми, задржувајќи го два круга зад себе и на тој начин овозможувајќи му на Макс Верстапен да ја намали негативата која ја имаше во однос на својот директен конкурент. Верстапен беше полн со пофалби за тимската работа од колегата, но Монтоја не годели неговото мислење затоа што смета дека мексиканецот не си ја гледал својата работа туку работел за Верстапен/

навистина ми е смешно како луѓето гледаат од друг агол. некои сметаат дека добро е што чеко му помогнал на макс и од таа гледан точка, тој одработе одлична работа.

пред дваесе години, ако втор озач го направеше тоа, ќе беше уништен. секогаш кога рубенс баричело макар малку ќе му помогнеше на михаел шумахер, сите се чудеа зошто го прави тоа, зошто не шпнедо самиот на трката.

во мое време тоа беше драма, додека денеска буквално следуваат пофалби. тоа се два различни аспекти на гледање на работите – објасни монтоја.

Запрашан што ја променила Формула 1 низ годините, поранешниот возач на Вилијамс и Мекларен откри:

не знам, но лудо е. искрено ако го поддржувате макс, веројатно мислите дека чеко направил сензационална работа што му помогнал, но ако го поддржувате луис или сте неутрален, тогаш сигурно ќе се прашувате зошто тој воопшто се вмеша.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ