Монтоја разбира зошто Хамилтон сакал да се откаже во Шпанија

Хуан Пабло Монтоја изјави дека може да разбере зошто Луис Хамилтон му рекол на својот тим Мерцедес дека треба да го спаси моторот и да се откаже со неговиот болид откако имаше контакт во првиот круг во Кевин Магнусен во Шпанија.

Хамилтон се бореше со данецот од Хаас низ свиокот број 4 кога имаа контакт во првиот круг. Магнусен беше избуткан низ чакалот, додека Хамилтон заработи пукнат пневматик и мораше да влезе во бокс за нови гуми и поправки.

Без безбедносно возило, Хамилтон ја продолжи трката речиси една минута зад останатите и побара од неговиот тим да го повлече болидот. Му беше кажано да истрае и потоа извозе одлична трка за да заврши на 5то место, откако се искачи дури четврти во завршните етапи.

Монтоја, зборувајќи за Sky Sports F1 во деновите по трката, рече дека може да го разбере размислувањето на Хамилтон.

Па, размислете за тоа, штотуку добивте удар во првиот круг и направивте цел круг со дупната гума. Треба да одите и да направите пит-стоп за кој требаше долго време одработи бидејќи кога гумата е издишана, тие не можат да ја стават дигалката под болидот.

Би помислиле дека има оштетување на предното крило и во тој момент, ја започнувате трката и заостанувате 60-70 секунди зад лидерот. Вие сте во прашалници дали воопшто нешто може да се постигне.

Кога ќе го погледнете од гледна точка на Луис, јас го разбирам тоа бидејќи тој е навикнат на болиди кои можат да победуваат на трки и да освојуваат 25 поени секој викенд, Но кога го освојувате 8то до 10то место, тешко е.

Но, тимот го направи вистинскиот повик, велејќи му да остане и тој навистина не се откажа. Кога му кажаа дека треба да продолжи да се трка, тој продолжи со работата и тоа беше добро да се види.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ