Монтоја со своја прогноза за Мајами

Поранешниот Формула 1 Гранд При победник на трки, Хуан Пабло Монтоја, ги поддржа двајцата водечки во возачкиот поредок за победа на претстојната трка во Мајами.

Колумбиецот смета дека Шарл Леклер од Ферари ќе се мачи против Макс Верстапен во Мајами затоа што РБ18 има новини кои ги донесоа на Имола. Откако холанскиот првак се откажа од првите две трки годинава, се врати на доминантен начин на Емилија Ромања за прв 1-2 триумф на екипата од Милтон Кинс по шест години.

Италијанците сеуште немаат донесено новини и подобрувања на својот Ф1-75 болид, така што колумбиецот верува дека ако врне како што се најавите, Макс и Ред Бул се фаворити.

мислам дека макс е најголем победник ако врне, ќе има огромна предност и се чини дека на него му е многу поудобно кога е лизгаво и патеката е мокра – смета монтоја.

Но, ако викендот е сончев и нема дожд, колумбиецот смета дека предноста се врти накај Ферари и нивниот Ф1-75 болид.

ако е суво, веројатно би се обложил на ферари.

Тој го пофали Верстапен за неговит еперформанси на Имола и верува дека менталната борба помеѓу возачите самошто почнува. Во врска со грешката на Леклер на крајот о трката, поранешниот возач на Вилијамс и Мекларен смета дека тоа ќе стави притисок над моначанецот.

ако се појави оној макс верстапен од имола, ферари ќе имаат големи проблеми.

ќе биде интересно да се види како шарл ќе се покаже по грешката миантата недела. ако успее да ја надмине, ќе биде одлично, но ако биде претерано претпазлив, ќе има проблеми. тогаш ќе биде лошо по него затоа што ќе загуби брзина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ