Монтоја: Ферари им подаруваат победи на Ред Бул

Хуан Пабло Монтоја ги критикуваше Ферари поради тоа што буквално самите ги губат трките и им ги подаруваат победите на Ред Бул.

Колумбиецот кој своевремено возеше за Вилијамс и Мекалрен од 2001 до 2006 година пред да направи трансфер цо американски Наскар, тврди дека не може да се сети колку многу грешки италијанците напрвиле.

како екипа не одработуваат така како што треаба и тоа е главен проблем. може слободно да се каже дека половина од победи до кои стигнаа ред бул им беа подарени од ферари, а не освоени.

вистина е дека неколку трки ред бул ги добија со перформанси, но некако ферари имаат навистина многу брз болид и многу плашливо возат за да не зезнат нешто – посочи монтоја.

Хуан Пабло смета дека огроминот притисок кој е врз Ферари за да испорачат и донесат резултати ги тераат да прават грешки.

сите во ферари работат под голем притисок, никој не сака да направи грешка и да биде окривен поради тоа поради што притисокот е огромен. кога грешките ќе почнат, притисокот станува се посилен, дури и механичарите прават грешки, очигледно е.

се обидуваат да дадат се од себе, се што можат и знаат за да бидат побрзи, а некогаш тоа ги носи кон грешки, заглавени шрафови од тркала, проблеми при промената и слично.

Иако Шарл Леклер на секој тркачки викенд покажува колку е брз Ф1-75 пакетот на тимот, сепак, има само две победи зад себе, додека Верстапен има дури 6.

ферари прават лоши проценки и грешат со стратегијата. тешко им е затоа што ред бул секогаш се агресивни со стратегијата, но на некој начин имаат и среќа со безбедносни возила и сично кои им помагаат.

ферари имаше 4 секунди предност кога шарл беше повикан во боксот и загуби толку за вромената, така што се врати зад верстапен и не знаеше што се случи со неговата позиција. очигледно никој не му кажа дека му треба силен круг пред да влезе затоа што верстапен брзо му се доближуваше.

но, нема потреба за притисок, треба да ги оставиме да си ја работат работата што најдобро ја знаат, се да биде чисто. не треба да се плашат од грешки и само рутински да ги одработуваат трките, тоа е прва цел што мора да ја остварат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ