Луис немал време за најбрз круг во Катар

Мерцедес не беа во можност да му одговорат на Макс Верстапен кој го освои поенот за најбрз круг во Катар бидејќи Хамилтон немаше време да се обиде да го подобри времето на холанѓанецот. 

Верстапен доби нови софт гуми на два круга пред крајот и го освои поенот возејќи најбрзо во Катар. Ендру Шовлин од Мерцедес објасни дека немало време Хамилтон да се обиде да смени гуми и да направи летечки круг. 

Ред Бул намерно го темпираа нивното застанување за да може Макс да направи најбрз круг. Доколку Луис влезеше да менува ќе имаше само излезен круг и немаше да има време за друго. 

Во врска со стратегијата на Мерцедес во Катар, Хамилтон менуваше веднаш по Макс за да се спречи андеркат. 

Тоа е нормално кога си во борба за титулата. Доколку ја контролираш трката и правиш разлика немаш ризик од андеркат. Најдоброто што може да се направи е да се копира Макс.

Мислам дека доколку Макс води на наредните трки ќе го прави истото. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ