Најкусите сезони во Формула 1 историјата

Формула 1 сезона 2020 годиан требаше да биде најдолга во историјата со вкупно 22 предвидени трки како дел од календрот. Но, истата може да биде една од најкусите, а конкуренција секако дека има.

Чејс Кери најави дека годинава ќе ја завршат со 15-18 трки откако Монако и офцијално се откажа, а веројатно дека пред таква работа се и во Австралија.

7 трки – 1950 година

Ова не е изненадувањето затоа што таа година беше прва сезона за Формула 1 и по некоја логика очекувано најкуса. Сезоната имаше 6 Формула 1 трки плус Инди 500 која беше дел од календарот во тоа време.

Постоеја и 18 неофицијални трки на кои екипите и возачите се тркаа, но тие не се сметаа за светското првенство. Согласно тековните правила, за една Формула 1 сезона да се смета за официјална мора да има барем 8 тркки, така што 1950 дефинитивно ќе остане запаметена како сезона со најмалку трки.

8 трки – 1951, 1952, 1956, 1957, 1961

По дебитантската сезона на тркачката серија календарот вклучуваше трка повеќе, а следната 1951 година Монако не беше дел од календарот, а Шпанија и Германија премиерно влегоа на листата, додека Холандија стана дел од серијата во 1952 година.

Четири години по третата сезона одржана во 1952 година, сезоната повторно имаше само осум трки иако со поинаков распроред и трки како Аргентина и Монако наместо Холандија и Швајцарија. Следуваше првото Белгиско Гранд При во 195 година, кое подоцна беше заменето со трка во Италија.

1961 година беше планирана како сезона со 9 трки, но Мароко беше откажано од финансиски причини, а таа години дебитираше и историскиот Ваткинс Глен.

9 трки – 1953, 1954, 1959, 1962, 1966

Во 1953 година спортот вистински се промени кога решија за прв пат да се тркаат девет пати во текот на сезоната. Планот беше прв пат да има двоцифрен број трки, но шпанците се откажаа, а следната година истото го стори Холандија поради финансиски причини.

Во 1958 година болидите се тркаа рекордни 11 пати, а планот беше да има и повеќе трки следната година, но Аргентина се откажа, Фанџо се повлече и ретко кој беше заинтересиран за организација. Белгија и Монако исто така “кренаа раце“ поради пари, така што бројот на трки се намали на 9.

Јужна Африка беше пречекана со широко отворени раце во 1962 година што беше единствена промена во однос на претходната сезона, а во 1966 година спортот требаше да има 10 трки, а токму Јужна Африка се повлече.

10 трки – 1960, 1963, 1964, 1965

Почетокот на 1960-тите години од минатиот век беше периодот на сезони со двоцифрен број на трки во календарот, а 10 настани за прв пат беа забележани во 1960 година. Таа година на календарот беше Португалија на сметка на Нирбургринг за кого возачите сметаа дека е опасен.  Мароко повторно го откажаа учеството поради недостаток на пари.

По две години со 9 односно 8 трки, се случи нешто навистина ретко до тогаш односно календарот остана речиси идентичен три години. Мала промена имаше во 1964 година кога Австрија ја замени Јужна Африка а се друго беше “по старо“.

По 1960-тите години календарот се повеќе се зголемуваше со само четири сезони со 15 трки од тогаш, но, оваа 2020 година нема да биде дел од тој тренд.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ