На Вандорн му е тешко што Мерцедес не го одбрале

Стофел Вандорн призна дека му е тешко што не бил одбран од стана на Мерцедес да го замени Луис Хаилтон претсојниов викенд за Шаркирското Гранд При, но потенцираше дека ја почитува одлуката на тимот.

Белгиецот е официјален резервен возач на “сребрените стрели“ и требаше да биде очигледен избор да го вози болидот на Хамилтон откако Луис имаше позитивен Ковид-19 тест во Понеделникот. Тој имаше план да оди во Бахреин како дел од неговите тест должности во Формула Е, но тестот во електричната тркачка серија е несигурен.

Сепак, шампионскиот тим реши да одбере друг пат и да го замени Луис Хамилтон со нивниот јуниор Џорџ Расел, кој две години по ред вози за Вилијамс, а е најсериозен кандидат за иден возач во фабрикиот тим. Шанса во В11 за младиот британец совршено ќе покаже дали е подготвен за толкав предизвик или не со оглед на тоа што Ботас секоја година добива едногодишно продолжување на престојот во Бракли.

Вилијамс одбраа да го стават во болидот својот реервист, младиот Џек Аиткин, така што Вандорн повторно ќе следи трка од падокот.

прво, сакам да му посакам брзо оздравување на луис хамилтон и се надевам дека ќе се врати во болидот колку што може поскоро затоа што никој не може него да го замени.

јасно е дека сум разочаран што не добив шанса да се тркам за мерцедес викендов откако ја минав цела година работејќи со нив, патувајќи на сите формула 1 трки и посветувајќи толку многу време и тренинг на нив затоа што сум навистина посветен на програмата. повреден сум поради тоа.

од друга страна, ја поитувам одлуката да се одбере и даде доверрба на џорџ расел во болидот тој е еден од најдобрите возачи оваа година и заслужува да добие можност.

во вакви моменти само се мотивирам и можам да ве убедам дека ќе продолжам да давам 100% од себе и во иднина. им благодарам на сите за позитивните и охрабрувачки пораки – напиша стофел на социјалните мрежи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ