На Луис му e жал да го гледа Мекларен како се мачи

Луис Хамилтон откри дека сеуште гледа да биде во тек со случувањата во Мекларен, екипата каде ја почна неговата Формула 1 тркачка кариера.

Седумкратниот првак дебитираше со екипата од Вокинг во 2007 година откако неколку години претходно беше нивни јуниорски возач. Ја освои првата титула следната година како нивни возач пред да направи трансфер во Мерцедес во 2013 година кога почна неговата доминација во спортот.

Од заминувањето од Вокинг, Мекларен има пад во формата и тежок период во кој победи само еднаш на трка, Италијанското Гранд При пред две години.

Во првите години од турбо хибридната ера, Мекларен се мачеа со лошите мотори на Хонда и Рено по што резултатие изостанаа. Потоа следуваа сезони на консолидација и зацврствуање во средината на поредокот. Во исто време, Хамилтон има неверојатно голем успех со Мерцедес, но го следи и својот поранешен тим.

сакам да ги следам мекларен, секогаш гледам до каде се затоа што тоа е екипа каде ја почнав кариерата и секогаш им посакувам се најдобро. има денови кога се лоши и жал ми е за нив затоа што таму почнав, прв пат возев формула 1 болид кај нив. сакам да им оди добро и се надевам дека ќе следува добар период за нив – посака луис.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ