На почетокот, Хамилтон во Мерцедес се однесувал како платеник

Инженерот на Мерцедес, Џејмс Ваулес откри дека по доаѓањето од Мекларен во Мерцедес, Луис Хамилтон не бил тимски играч каков што е сега и се однесувал како платен. 

Хамилтон го шокираше Формула 1 светот откако го напушти Мекларен и дојде во Мерцедес. Од тогаш, тој освои шест титули, води по бројот на победи во историјата на спортот и освоените пол позиции. 

Главниот стратег на тимот сепак објасни како се развивал Хамилтон. 

Кога дојде, тој беше платеник. Беше тука да победува. Таа желба не исчезна, но тој сфати дека е дел од тим и дека ќе биде најдобриот спортист како резултат на тоа. Еден човек не може сам, Сега тој има друг карактер – откри вауелс.

36-годишниот возач секогаш важел за најдобар во менаџирање на гуми и некои други области каде порано правеше грешки во Мекларен. Спортскиот директор Рон Медоуз изјави дека тој сега повеќе калкулира кога се работи за титулата. 

Претходно даваше се од себе за да победи, Но сега повеќе калкулира. Од првиот круг размислува за болидот и гумите, Има ист пристап во текот на викендот и се му е пресметано и чисто. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ