На Рикардо му олеснало по добрите квалификации

Даниел Рикардо можно е да ја одработи својата последна квалификациска сесија во кариерата поради фактот што нема да биде на гридот догодина, но остана задоволен што стигна во К3 и покрај тоа што поради казна од Бразил, ќе назадува 3 позиции.

По две години минати во Вокинг возејќи за Мекларен, двете страни се согласија за предврмен раскин на договорот, така што тој останува без место на гридот следната година, а огромна е веројатноста да биде резерва во Ред Бул. На квалификациите на Јас Марина, тој стигна до 10то место иако поради казна ќе тргне од 13та позиција.

она што нема да ми недостасува следната година е недостатокот на конкурентност од моја страна. квалификациите не ми беа силна страна со овој болид, но останав цел час во сесиајта денесска и нависина ми олесна што вака одработив – посочи рикардо.

Голема е веројатноста ова да биде последна квалификациска сесија за Рикардо, за Себастијан Фетел дефинитивно е, а следната година на гридот нема да бидат ниту Николас Латифи и Мик Шумахер.

го видов себ и тој и јас бевме насмеани кога стигнавме до последниот дел од квалификациите, така што тоа е позитивно.

заостанував зад ландо, мислам дека бев побавен околу три десетинки од секундата по круг. годинава ми е тешка, редовно сум зад него, но ќе се борам до самиот крај.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ