На Саинз му е винвен механичарот од Мекларен

Карлос Саинз го обвини механичарот на Мекларен за неговото небезбедно пуштање на патеката андворт, по што доби казна од 5 секунди. 

По првото лошо менување, откако му го заборавија едното тркало, во второто тој се најде на патот на Фернандо Алонсо. Стујардите сметаа дека е негова вина и го казнија со пет секунди. 

Шпанецот смета дека механичарот на Мекларен кој носел дигалка му го попречил патот и морал брзо да реагира за да го избегне. 

Кога ме пуштија бев пред Фернандо, но морав да прикочам бидејќи механичар на Мекларен налета на мојата линија за излез. Кочењето направи небезбедно пуштање и фустриран сум што бев казнет затоа што спасив нечиј живот – посочи карлос.

Алонсо искоментира на тимското радио за што Саинз смета дека опасноста била преувеличена. 

Проблемот е што механичарот ми влезе во линијата и ми го попречи патот. Како е тоа моја вина или вина на тимот. Вината е само во механичарот и морав да прикочам. Фернандо сигурно претера и добив казна. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ