На стјуардите во Канада им тргна: Строл, Цунода и Саинз со грид казни од 3 места

Карлос Саинз доби казна од три места за Големата Награда на Канада, откако беше прогласен за виновен од страна на стјуардите за попречување на Пјер Гасли во последната фаза од К1 во квалификациите во Монтреал.

Гасли го завршуваше својот последен круг во К1 кога камерите покажаа дека е принуден да излезе надвор од патеката за да го избегне Саинз на последната шикана, поради што возачот на Алпин беше елиминиран и треба да ја започне неделната трка од 17то место.

Саинз, сепак, се пласираше во К3 и се квалификуваше на осмото место, но со пад од три места на гридот тој ќе ја започне трката од 11то место. Ова значи дека Оскар Пиастри, Алекс Албон и неговиот тимски колега од Ферари, Шарл Леклер, ќе стартуваат една позиција понапред.

Во истрагата по квалификациите, во која се разговараше и со возачите и со претставниците на тимовите, и беше извршен преглед на податоците, видеото, времето и видеото во болидот, стјуардите одлучија дека Саинз јасно го попречил Гасно во К1.

Возачот на болидот 55, Саинз, изјави дека бил изненаден што возачот на болидот 22, Јуки Цунода, го престигнал во свиокот 13 и како резултат на тоа забрзал доцна за да го започне својот брз круг – се вели во извештајот на стјуардите.

Возачот на болидот 10, Гасли, изјави дека возачот на болидот 55 можел и требало да се тргне порано. Телеметријата покажа значителна разлика во брзината помеѓу болидите 55 и 10.

Иако престигнувањето на болидот 22 го изненади возачот на болидот 55, наша определба е дека возачот на болидот 55 беше доминантно виновен и дека тој непотребно го попречуваше болидот 10.

Подоцна вечерта, беше потврдено дека возачот на АлфаТаури, Јуки Цунода и Ленс Строл на Астон Мартин, исто така, беа казнети со три места на гридот, попречувајќи ги Нико Хулкенберг и Естебан Окон, соодветно.

Цунода ќе загуби три позиции од својата квалификациска позиција на 16 место, додека Строл ќе падне три позиции од резултатот на 13 место.

Во врска со казната на Цунода, стјуардите рекоа:

Болидот 27, Хулкенберг, и болидот 22, Цунода, беа во брзи кругови, а 22 беше напред. Болидот 27 го стигаше болидот 22 и влезе во свиокот 10, болидот 22 отиде широко и потоа се врати на патеката пред болидот 27.

Возачот на болидот 22 сметаше дека сè уште е во својот брз круг и покрај фактот што во тој момент беше приближно три секунди побавен од неговото претходно време на круг.

Утврдивме дека возачот на болидот 22 непотребно го попречил болидот 27. Откако отиде широко во свиокот 10, можеше да се откаже од кругот и да остане надвор од тркачката линија. Ова би избегнало какво било попречување.

Што се однесува до инцидентот во Строл, стјуардите објаснија:

Возачот на болидот 18, Строл, изјави дека иако знаел дека болидот 31, Окон, се приближува, немал друг избор освен да остане на сувата тркачка линија бидејќи неговите софт гуми биле ладни и ќе се удрел поради влажната патека.

Сепак, тимот го известил за близината на болидот 31 и наше мислење е дека тој можел да ја намали брзината на правецот помеѓу свиоците 7 и 8 и да дозволи болидот 31 да помине. Поради ова, тој непотребно го попречил болидот 31.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ