На Тото многу му недостасувал Ники годинава

Мерцедес доминираа Формула 1 сезонава за нас и стигнаа до рекордна седма последователна двојна шампионска титула, но шефот Тото Волф призна дека многу му недостасувала поддршката која секогаш ја добивал од починатиот Ники Лауда.

Австриската Формула 1 легенда беше Неизвршен претседател на тимот се до својата смрт во Мај 2019 година по проблеми со бубрезите и трансплантацијата. Волф откри дека Лауда бил повеќе од само колега, бил вистински пријател и годинава му недостасувал повеќе од било кога.

во 2019 година бевме шокирани од неговата смрт, но не се откажавме и продолживме да работиме. кон крајот на таа година всушност сфатив колку добар пријател сум загубил, човекот со кој секогаш патував повеќе го немаше.

нашиот однос беше многу голем дел од мојот живот, летавме на трките заедно, разговаравме многу и секој ден заедно вечеравме. ќе заминеше од патеката во 4-5 часот и ќе се видевме на вечера во 8 часот каде ќе дојдеше со својот ајпад и ќе ми кажеше дека му е досадно цел час.

одеше на патеката рано наутро, пред било кого, тој е утрински човек, сака да работи наутро, ја сака првата смена, јас доаѓав по него. многу ми недостасува, пред се како пријател – откри тото.

Дури и без Ники на патеката, Волф изјави дека можел да предвиди што Лауда ќе го советува во секоја ситуација.

имавме ситуации годинава кога сакав да го имам неговото мислење, тој беше одличен за совети и секогаш беше многу убеден и сигурен во себе кога го кажуваше своето мислење.

на некој чуден начин, кога се запрашував што би направил ники, одговорот секогаш природно ми доаѓаше затоа што тој е искрен човек и одговара “на прва“.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ