На Хорнер му е жал за Биното

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, откри дека му е жал за Матиа Биното, чји договор со Ферари не беше продолжен на крајот од минатата сезона.

По тешката сезона во која најпрво нападна за титула, а потоа следуваа низа тимски и возачки грешки, менаџментот на компанијата се реши за промена. Но, годината и не беше толку лоша затоа што италијанците се вратија на највисокото место на подиумот прв пат по 2019 година со Шарл Леклер, неговите три победи и единствениот и прв триумф на трка на Карлос Саинз.

Хорнер смет дека Биното добро се снашол во својата улога откако го превзема тимот во 2019 година, по две децении работа за Скудерија.

беше интересно да се гледаат промените во екипите. мене ми е жал за матиа затоа што вршеше одлична работа. лани тие напреднаа навистина многу и поради тоа е тешко напуштањето на тимот по толку долг период и по се што дал за ферари – цели хорнер.

Швајцарскиот инженер ќе го замени Фредерик Васур, французинот со повеќе од три децении моторспорт искуство во кое ги водеше Рено и Алфа Ромео, а имаше и сопсствен Формула 2 тим, АРТ Гранд При.

ќе биде интересно да видиме дали фред ќе продолжи да се расправа за истите работи како што се расправаше додека беше во заубер. сепак, тој е многу способен. сигурен сум дека ќе има многу силен тим околу себе, ќе видиме каква динамика ќе има следниот состанок на формула 1 комисијата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ