Нема крај за овие двајца: Хорнер одговара на чудните забелешки на Волф

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, тврди дека остатокот од гридот бил како Ф2 болиди во Унгарија.

Кристијан Хорнер од Ред Бул, инсистира на тоа дека нема „сребрен куршум“ за успех во Ф1, откако колегата од Мерцедес, Тото Волф, предложи остатокот од гридот да се трка во Формула 2.

Макс Верстапен ја зголеми предноста во шампионатот кај возачите на 110 поени пред тимскиот колега Серхио Перез со победата на Големата Награда на Унгарија.

Успехот ја продолжи низата на Ред Бул со победи на секоја од 11те трки оваа сезона и, со додавањето на Големата Награда на Абу Даби од минатата година, тимот од Милтон Кинс го собори рекордот во Ф1 за најмногу последователни победи.

Мерцедес се наоѓа на второто место во поредокот за конструктори, со 229 поени заостанување од Ред Бул и со победата на Верстапен која беше најдоминантна во сезоната, 33,7 секунди пред Ландо Норис од Мекларен, Волф тврди дека Ред Бул возел Ф1 болид против остатокот од гридот кои биле во Ф2 болиди.

Одговарајќи на коментарите на Волф, Хорнер изјави:

Начинот на кој работи тимот, се е до деталите.

Во моментов не оставаме ништо непроверено, стратегијата беше силна, пит стоп од 1,9 секунди што момците го направија кај Чеко, и многу брзи застанувања за Макс.

Гледате цел тим кој работи на толку високо ниво. Нема сребрен куршум во Ф1 и секогаш е кулминација на фактори кои треба да се здружат за да се постигнат вакви резултати.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ