Нико смета дека Луис нема да ја напушти Ф1

Нико Розберг призна дека иако не е најповикан да коментира, смета и се надева дека Луис Хамилтон ќе остане во спортот и следната сезона за да се обиде да си ја врати титулата.

Неколку денови откако го освои насловот во 2016 година, Нико објави дека се повлекува од Формула 1, не давајќи му на Хамилтон да се реваншира. Годинава Луис е повторно поразен, а незадоволството од исходот на трката, поточно од начинот на кој беше менаџиран последниот круг од истата, донесе најави дека британскиот седумкратен првак би можел да го напушти спортот.

Би било вистинско изненадување доколку Луис одбере да не се спротистави повторно и да докаже дека е подобар од Верстапен, а со тоа и да го надмине Михаел Шумахер по бројот на освоени титули. Розберг сака да види нова борба помешу овогодинешните лути ривали за титула.

сигурен сум дека луис беше скршен затоа што до последните четири кругови тој беше сигурен светски шампион и нов реордер. со променетите процедури или што и да се случи, одеднаш загуби титула, така што сигурен сум дека му беше екстремно тешко.

секако дека јас сметам дека ќе вози и следната година и ќе се бори да си ја врати титулата назад, титула која му беше одземена. сите се надеваме, иако јас не сум најповикан да зборувам затоа што исчезнав штом го освоив насловот, но се надевам дека догодина повторно ќе ги гледаме луис и макс еден против друг – посака розберг.

Иако во Формула 1 вози врвот на моторспортот, за Нико, има двајца кои се клласа над останатите.

двајцата кои се бореа напред беа неверојатни. луис беше, а можеби сеуште е, најдобар во историјата кога се работи за блиски борби, но верстапен навистина го извади од колосек и често е подобар од него.

неверојатно е да се види нивната вештина и да се гледаат како се тркаат. тие се о ддруга планета споредено со било кој од гридот и се надевам дека ќе бидеме сведоци на слична борба и догодина.

следната сезона на сила ќе стапат целосно нови правила и можеби и друга екипа ќе биде на врвот, така што мораме да бидеме подготвени за добра сезона која следува.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ