Новата надградба на Мерцедес е микс од Ред Бул и Ферари

Во четвртокот пред Големата Награда на Белгија, Мерцедес изненади со нов пакет надградби со фокус на страничните подлоги на W14.

Оваа најнова еволуција на страничните подлоги е интересна бидејќи се чини дека црпи инспирација од оригиналниот концепт на Ферари, кој беше напуштен на Шпанското ГП, со особено впечатлив профил на задниот дел.

Промени се направени и на предниот дел на W14, додека Mercedes продолжува да го развива болидот и да се подготвува за W15 во 2024 година.

Мерцедес се стреми кон комбинација на различни концепти од ривалските тимови, при што Ред Бул РБ19 е главен придонесувач, но и со други концепти во комбинацијата како надградбата на спецификациите на Монако што доведе до модифицирање на предната суспензија.

Надежта во овие надградби не е само да се подобрат перформансите сега, туку и да се постават темелите за W15 од 2024 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ