Норберт Фетел: Лошите резултати го забрзаа пензионирањето на Себ

Норберт Фетел, таткото на Себастијан Фетел, смета дека возењето на опашката од поредокот, слабите резултати и перформанси ја забрзале одлуката на неговиот син да се повлече од Формула 1.

Четирикратниот првак во пресрет на минатата сезона направи трансфер од Ферари во Астон Мартин мотивиран од високите цели кои тимот од Силверстон си ги постави, донесе талент и искуство во тимот со надеж дека резултатите и перформансите ќе дојдат, но останаа приковани во задниот дел од гридот.

Во првата година со Астон тој дојде до 7 топ 10 пласмани, а најдобар беше во Азербејџан каде заврши на второ место зад победникот Серхио Перез во контроверзната трка. Новите правила кои стапија на сила годинава не му донесоа голема корист на тимот, новиот АМР22 пакет често е неконкурентен и во задниот дел од средината на поредокот, така што единствено Вилијамс има помалку поени од Астон сезонава.

штета за неговата одлула, но го разбирам. имаше неверојатна кариера, но годинешното австриско гранд при беше најниска точка во кариерата, толку многу го заболе да вози последен што тоа само ја забрза неговата одлука да замине од спортот – посочи норберт за германски ртл.

Лоренст Строл, сопственикот на Астон Мартин, наајви изненадување на последната трка при испраќањето на Себ во пензија, а татко му Норберт посочи дека ќе ја одбере Италија ако има право да бира уште една трка која би ја посетил.

ако бирам на која трка да одам, дефинитивно тоа ќе биде монца каде стигна до првата победа со торо росо. таму почна фантастичната кариера на четирикратниот првак.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ