Норис во Ред Бул? Нови шпекулации по состанок меѓу Хелмут Марко и менаџерот

Може ли Ред Бул да го замени Серхио Перез со Ландо Норис? Менаџерот на Британецот беше забележан во разговор со Хелмут Марко во Силверстон.

Советникот на Ред Бул, Хелмут Марко, беше забележан како разговара со менаџерот на Ландо Норис пред Британското ГП, што ги поттикна шпекулациите дека тимот е заинтересиран да го ангажира возачот на Мекларен.

Норис беше избран за возач на денот во Силверстон, откако заврши зад Макс Верстапен од Ред Бул на најдоброто второ место во сезоната за него, по многуте надградби кои ја трансформираа конкурентноста на Мекларен МЦЛ60.

Додека Верстапен досега во 2023та година збриша сè пред него, тимскиот колега Серхио Перез се мачеше да се изедначи со темпото на Холанѓанецот.

Серијата лоши перформанси во квалификациите придонесе Мексиканецот да постигне само еден пласман на подиумот на последните пет трки, од кои сите победи Верстапен, а Марко јавно го критикуваше Перез што не го максимизираал бројот на поени за Ред Бул.

Зборувајќи за австриските медиуми, Марко зборуваше за талентот на Норис и ги истакна пријателските односи меѓу Британецот и Верстапен, кој има договор со Ред Бул до 2028 година.

Ландо има договор со Мекларен до 2025 година, но тој е убедливо најдобар од помладите возачи – изјави Марко, додавајќи дека веќе имало интензивни разговори меѓу тимот на Верстапен и раководството на Норис.

Со својот младешки карактер, тој исто така најмногу би одговарал за Ред Бул и не е тајна дека Макс и тој се добри пријатели.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ