Норис: Ова беше најтешката трка

Ландо Норис смета дека трката за Големата награда на Сингапур била најтешка за него во Формула 1 иако успеа да заврши во топ 5 заедно со колегата Даниел Рикардо.

Младиот британец ја заврши трката на 4та позиција додека Даниел Рикардо напредуваше 11 места и заврши на 5то место за него со што донесоа 22 поени за тимот и тоа комбинирано со двете откажувања на Алпин ги искачи на четвртата позиција кај конструкторите.

Ова беше најтешката трка во мојата кариера, не поради тоа што морав да се бранам, туку поради концентрацијата која морав да ја имам. На крајот бев изморен, но тоа се случува кај сите. Имавме одличен ден – посочи норис.

Ландо заврши зад Карлос Саинз, но се чинеше дека беше и побрз од него во некои моменти.

Имав среќа со менувањето гуми  за време на виртуелното безбедносно возило што ми дозволи да му се доближам. На моменти бев и побрз и Бев изненаден поради тоа. Имав неколку шанси, но како што видовте со Верстапен не беше лесно да се престаса.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ