Норис смета дека сите можности максимално ги користат

Ландо Норис е свесен дека немаат најбрз болид, но прават подобра работа од ривалите и ги користат сите можности кои им се укажуваат.

Младиот британец заврши на 6то место во Бахреин пред две недели и ги донесе првите поени за екипата сезонава на својата втора Формула 1 трка во кариерата. На трката тој мина неколку болиди од средината на поредокот вклучително и болиди на Рено, Хас и Алфа ромео, по што неговиот МЦЛ34 заврши како најдобар од останатите зад водечките три екипи.

Тој е нетрпелив да види каде е тимот претстојниот викенд на брза патека како во Кина и покрај тоа што е свесен дека немаат најбрз болид, но вршат најдобра работа.

сеуште е лано да се предвиди поредокот но мислам дека сме во добра позиција за сега. не можам да кажам дека сме најдобри во средината на поредокот, но правиме подобра работа споредено со другите екипи, иако немаме најдобар пакет.

ни претстои многу работа за да можеме да се тркаме со ред бул или да ја оставиме средината зад себе и да дојдеме зад ред бул, а пред хаас и рено. до поени и до к3 дојдовме со максимизирање на сите шанси кои ни се укажуваат.

дефинитивно треба да поработиме за да бидеме доволно убедени дека секогаш ќе влегуваме во к3 и ќе ги победуваме конкурентите. ни треба време пред да го постигнеме тоа, можеме да дојдеме во позицијата која во моментов ја има ред бул – појасни норис.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ