О’Вард: На Рикардо ќе му се допадне Индикар

Патрицио О’Вард верува дека на Даниел Рикардо ќе му се допадне Индикар доколку не ја продолжи кариерата во Формула 1 по 2023 година. 

Рикардо останува посветен на барање место во Формул 1 за 2024 година и не размислува за друга серија. Тој не ги сака овалите во Индикар и затоа не смета дека таа серија е за него. 

О’Вард кој помина некое време со Рикардо во гаражата на Мекларен откако го замени Ландо Норис на првиот тренинг во Абу Даби.

Слушнав дека не ги сака овалите, Но мислам дека ќе му се допадне и ќе се приспособи. Можеби треба да проба, Болидот е различен и Мислам дека ќе му се допаѓа.

тој Ја сака Америка, Сите разбираме дека спортот е опасен. Многу се зборува за овалите, Но не е така. Сепак тоа е различен начин на тркање. Кога ќе се привикнеш има некое посебно чувство – откри мексиканецот.

О’Вард откри дека и Роман Гросжан прво не ги сакал овалите, но подоцна се премислил. 

Тоа е различно учење. Шампионатот е потежок бидејќи има три дисциплини.

Мислам дека Роман го сфати тоа и ги научи брзо. Несреќа при 200 миљи на час си има свои последици, но не треба да се мисли на тоа. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ