О’Вард ќе тестира за Мекларен во Декември

Мекларен потврдија дека согласно ветеното, ќе му дадат шанса на Патрицио О’Вард да тестира Формула 1 болид во Декември.

Зек Браун му понуди на Патрицио да тестира нивни болид, но само доколку победи на Индикар трка за тимот. 22-годишниот мексиканец победи во Тексас за Ероу Мекларен во Мај, тој го исполни својот дел, а Браун го стори истото.

ќе го видиме патрицио о’вард на формула 1 тест во декември – потврди браун.

Тој е поранешен член на Академијата на Ред Бул која ја напушти во 2019 година и си обезбеди Индикар место за 220 година. По победата во Тексас откри дека би бил глупав да одбие таква шанса.

срцето ми е во индикар, но формула 1 е врвот на кој сите сакаат да бидат. ако постои шанса, ако зек ми понуди нешто, сигурно дека нема да сум глупав да одбијам.тоа би било нешто што не се случува често, иако во моментов сум целосно фокусиран кон индикар каде тркањето е силно и неизвесно, така што е тешко за секој возач.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ