Од Мерцедес сметаат дека годнешните болиди ќе имаат слична брзина со ланските

Техничкиот шеф на Мерцедес, Мајк Елиот, смета дека новите болиди кои ќе се возат сезонава ќе имаат многу слично ниво на перформанси како ланските.

Спортот е пред целосно нов сет аеродинамички и технички правила за оваа сезона со цел да се донесе полесно следење, повзбудливо тркање и почесто претекување. Првично се очекуваше болидите мноуг да се забавата одошто нивните претходници, кои патем беа најбрзи во историјата, но се чини дека тоа и нема да биде случај.

вкупните перформанси на болидите веројатно нема многу да се разликуваат од претходните. јасно е дека намерата беше да се подобри претекнувањето и има доста време пред да видиме дали новите правила ќе го постигнат тоа.

болидите ќе бидат потешки, моторот ќе работи поинаку затоа што во горивото ќе има повеќе природна компонента, но аеродонамиката ќе биде целосно разична.

се додека не извлечеме се од новите правила преку константен развој нема да знаеме кои се границите на перформансите и колку ќе се разликуваат од ланските – посочи елиот.

Тој посочи дека драстичната разлика во правилата донела зимски период поразличен од вообичаено.

кога имате нов сет правила се работи за нов предизвик којго почнувате “од нула“. речиси секогаш пренесувате некаков дел од болидот и имате добра идеја што да очекувате, знаете кај ќе добиете, а кај ќе загубите во однос на претходото. исто така, знаете во која насока да продолжите да работите за да најдете подобрувања.

кога имате целосно нов сет на правила, не знаете до каде е лимитот, не знаете до каде може да одите и тоа е многу возбудливо за инженерите да го истражат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ