Од почит кон Шумахер, Расел нема да користи црвена кацига

Џорџ Расел се откажа од користење на црвената боја како доминантна на неговата кацига оваа сезона кога ќе стане возач на Мерцедес и сето тоа од голема почит кон Михаел Шумахер чиј знак на препознавање беше токму тоа.

Младуит британец кој неколку години е дел од младинскиот погон на Мерцедес, сезонава ќе добие шанса да вози за фабричкиот тим откако импресионираше за време на своите три сезони со Вилијамс. Во текот на тркачката кариера, неговите заштитни кациги беа во доминантна црвена боја, но во видеото кое го објавија Мерцедес од неговиот нов “шлем“, се гледа дека акцент е ставен на црната боја.

Шумахер се тркаше за Мерцедес од 2010 до 2012 година кога реши да се врати во спортот откако претходно се повлече додека возеше за Ферари.

црвена кацига во мерцедес сметав дека ќе биде многу слично со михаеш шумахер, а јас нависина имам огромна почит за него и не сакам да одам во таа насока.

затоа се решив за црна боја, имам црвен дел од страните и сини детали напред што навистина многу ми се допаѓа за оваа година.

ќе го имам и моето гр63 лого на страната, мојот број на врвот од кацигата, а ѕвездата на мерцедес напред на челото. ќе изгледа супер и кул, ќе изгледа агресивно – ја опиша расел својата нова заштитна кацига.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ