Од Ред Бул сметаат дека ограничениот буџет ќе го промени развојот

Главниот инженер на Ред Бул смета дека ограниченото трошење го променило начинот на развој во Формула 1.

Спортот за прв пат во 2021 година донесе ограничен буџет од 145 милиони долари кој првично требаше да се намалува по дополнителни 5 милиони долари годишно, иако потоа следеше прилагодување поради растечката инфлација и економската криза.

И покрај тоа, најголемите екипи продолжија да доминираат со спортот, се очекува изенадчувањето да дојде подоцна, а најголема придобивка е одржливоста. Ред бул имаа доминантна сезона со својот РБ18 откако победија вкупно 17 пати на 22 трки и стигнаа до двоен наслов. Тимот немаше најсилен болид на почетокот, но во летените месеци напредуваа значително.

ограниченото трошење го променија спортот. претходно можевме да ги анализираме сите аспекти кои можеа да се променат и да донесат перформанси, но тоа чинеше пари, многу пари. тоа е променето и нашите инженери се научија да се адаптираат на новите правила така што работи кои претходно беа вообичаени, сега повеќе не ги правима – посочи пол монаган.

Инженерот посочи дека ограничениот буџет е “меч со две острици“.

дисциплината е таква, исто е за сите, сите работиме под исти правила и ќе видиме како ќе биде на крајот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ