Од Хонда не очекуваат 4ти мотор за Хамилтон

Валтери Ботас можеби е на неговиот петти мотор сезонава, но тоа не значи дека Луис Хамилтон треба да го земе четвртиот, смета Тојохару Танабе од Хонда.

Ботас му се придружи на Макс Верстапен на задниот дел од гридот во Сочи, каде двајцата возачи земаа нови агрегати за Големата Награда на Русија. Тоа беше четвртиот мотор на Верстапен од Хонда сезонава, додека за Ботас тоа значеше петти мотор на Мерцедес. Но, додека Ботас менува мотори со голема брзина, истото не може да се каже за ривалот на Верстапен, Хамилтон.

Тој се уште го користи својот трет мотор сезонава и се надева дека ќе може да го негува до завршувањето на сезоната во Абу Даби. Запрашан за ситуацијата со моторот на Мерцедес, Танабе од Хонда изјави:

Нејасно е што точно значи “моторот е завршен“, но ако тоа значи дека не може повеќе да се користи, новиот додаток ќе му помогне на возачот – смета волф.

Според нивните информации, Кристијан Хорнер и Хелмут Марко веруваат дека е само прашање на време кога британецот ќе биде принуден да земе четврти хибриден систем иако Танабе не е толку сигурен.

Не знам дали Хамилтон ќе го замени од истата причина, затоа не можам да кажам ништо.

Дури и Тото Волф не знае каде стои Мерцедес кога станува збор за ситуацијата со моторот на Хамилтон. Тој само се надева дека ако дојде време, Хамилтон може се врати како и Верстапен во Сочи, да се трка од задниот дел на гридот на подиумот.

Ние гледаме од трка во трка. Има шанси дека сепак ќе ги менуваме моторите, така што ќе имаме викенд како и Ред Бул Рејсинг.

Ако тоа се случи, тоа значи дека и ние треба да постигнеме резултат на овој начин.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ