Олимпико анализа: Исекотина од 6 цм пронајдена на гумата на Хамилтон

Шефот на снабдувачот со гуми во Формула 1, Марио Исола, најави целосна истрага по двете откажани гуми на денешното Азербејџанско Гранд При и дополни дека Луис Хамилтон бил среќен што не го снашло истата судбина.

Исола демантира дека истрошеност била причина за откажаните задни леви гуми кај Строл и Верстапен, а најави дека веднаш се пратени сите гуми на анализа во Милано, анализа која ќе почне уште во утре.

гледајќи ги гумите користени во втората серија, кај најголем дел од возачите не најдовме никаков доказ за евентуално оштетување. верувам дека она што се случи не беше поради истрошеност затоа што проблемот не е тоа – вели марио исола.

Тој посочи дека Шарл Леклер со своето Ферари како и Ландо Норис со својот Мекларен, возеле подолги серии откако рано влегле по нови гуми споредено со Строл и Верстапен и кај нив истрошеноста не била фактор. Марио смета дека веројатно откажувањето на гумите е поради надворешен фактор како на пример тротоар, но не би сакал да донесе заклучок пред темелна анализа.

Исола посочи дека задното лево тркало не е она кое е под најголем притисок во текот на трката, затоа што на 6-километарскиот Баку најмногу страда задното десно. Исто така, тој откри дека нашле исекотина од 6-7 цм на задната лева гума на Луис Хамилтон.

исекотината не ја имаше пресечено конструкцијата и поради тоа гумата беше нормална, само надворешниот слој беше оштетен, а го видовме тоа кога луис ги промени гумите за време на црвеното знаме.

Шефот на Пирели на новинарите им покажал слика од исекотината на гумата на Гамилтон и потврдил дека очигледно причина за истата е некоја нечистотија на патеката затоа што гумата била неоштетена, а насоката на исекотината јасно го покажувала тоа.

исекотината не беше доволно длабока за да ја оштети конструкцијата и хамилтон имаше среќа поради тоа, но макс и луис немаа среќа и одеднаш загубија притисок.

Исола потврди дека до Гранд При трката во Франција ќе имаат заклчок што се случило.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ