Олимпико анализа: Хамилтон се премисли, Пирели биле во право

Иако по петочните тренинг сесии, Луис Хамилтон се жалеше за гумите на Пирели во Португалија, сега тој изјави дека потврдите гуми кои ги предложиле Пирели биле вистинскиот избор. 

Седумкратниот шампион се жалеше дека гумите кои Пирели ги донесе во Портимао се премногу тврди, но по победата на трката тој смета дека гумите биле вистинскиот избор. 

На патеката нема многу грип. Ги имавме најтврдите компоненти кои значат дека може да извозиме цела трка без многу трошење. Има трки на кои мораше да внимаваме на гумите за да ја завршиме трката, Но мислам дека ги имавме точните гуми овој викенд – потврди луис.

Хамилтон беше во можност да го следи Верстапен и Ботас во текот на неколку кругови пред да ги помине и се чинеше дека неговите гуми не прегреваат како кај другите болиди. 

потребно е знаење за гумите и колку може да се потпреш на нив. Мислам дека сите форсираа со гумите. Треба да се менаџираат и да имаш добра трка, дури и подобра од квалификациите. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ