ОФИЦИЈАЛНО: Верлејн се враќа во ДТМ

Откако претходно се шпекулираше, Мерцедес и официјално потврдија дека Паскал Верлејн ќе се врати во ДТМ серијата во последната година од настапот на “сребрените“ пред да го свртат вниманието кон Формула Е. Откако Алфа Ромео Заубер се одлучија за претстојната сезона да го земат Шарл Леклер, Паскал стана прекуброен во Хинвил.

Германецот ќе се врати во првенството каде беше шампион од 2015 година пред да влезе во Формула 1 со тимот на Манор.

Имам страшно добри спомени од ДТМ и тоа не само поради титулата во 2015 година, но и поради силниот тимски дух и искуството со момците. Во текот на мојот престој во Формула 1 ја следев ДРМ серијата и бев на неколку трки да му дадам поддршка на тимот.

Многу работи се променија од мојата последна трка во Хокенхајм, но јас сакам предизвици и не можам да дочекам да прв пат да го пробам автомобилот на патеката – откри Паскал.

Тимски колега на Верлејн ќе му бидат поранешните победници во серијата Гери Пафет и Пол ди Реста.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ