Падокот најавува пензија за Себ

Штом Себастијан Фетел и Ферари објавија дека нема да продолжат заедно следната година, се разгореа шпекулациите околу пазарот на возачи во спортот иако тркачката сезона оваа година не е започната.

Шпекулации околу идината на четирикратниот првак од Германија се насекаде, некои сметаат дека ќе вози за Сеидл во Мекларен, а некои дека ќе го превземе местото на Даниел Рикардо во Рено, но голем е брјот и на оние што сметаат дека ќе се пензионира.

целата мината сезона изгледаше како фетел да не сака да биде во маранело – изјави мика сало за фински Ilta Sanomat.

Поранешниот шеф на Мерцедес, Норберт Хог, се сложува со поранешниот фински возач.

прашање за него беше дали ќе добие можност и внимание од ферари да се борат заедно и дали неговиот колега ќе има предност. мислам дека неговата одлука е многу на место.

Поранешниот возач, Педро де ла Роса исто така смета дека германецот ќе стави крај на својата богата Формула 1 тркачка каеирар.

веќе не разговара за победи и за титули туку за најдобри опции околу неговата иднина што е далеку од шампионски тркање. звучи како да е на пат да се збогува со спортот.

Ралф Шумахер смета дека Себ се откажал од Ферари поради константните расправии кои се случувале во позадина во тимот.

ако возач не се чувствува удобно и не чувствува дека има поддршка од тимот, најдобро е да замине. постои можност да прекине и да се повлече, но јас сум сигурен дека прво ќе ги разгледа алтернативите. нема менаџер кој би го советувал лошо да донесе отлука, така што се е до него – изјави ралф за германски sport1.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ