Палмер: Албон требаше да биде казнет поради блокирање на Леклер

Џулион Палмер верува дека Алекс Албон го чинел Шарл Леклер победа во Монако откако го задржа извесен период зад себе за време на менувањето на гумите. 

Албон ги игнорираше сините знамиња цел круг се додека не го пропушти Леклер, а подоцна на трката, Саинз беше задржан од Латифи, но пократок период. 

Кога Саинз излегуваше на сент девор беше забавен од Латифи. Тој беше заостанат болид и го држеше до тунелот. Тоа го чинесе Саинз две секунди по круг. Лесно е да се каже бидејќи Саинз беше секунда побрз откако излезе од боксот и можеби ќе победеше.

Албон го задржа Леклер речиси цел круг пред да го пушти и требаше да биде казнет. Мислам дека Латифи можеше да помине и без казна бидејќи не е лесно да се пропушти болид во Монако – вели поранешниот возач палмер.

Возачите на Ферари забележаа дека не се почитувале сините знамиња. Албон потенцираше по трката дека немал таква намера. 

Беше тешко, но кога излегов на мазни гуми имав голема брзина. Мислам дека беше подобро за двајцата доколку останев напред. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ