Палмер до Хаас: Потпишете си со Перез и Хулкенберг

Џулион Палмер смета дека Хаас не треба да гледаат други возачи и треба да потпишат со Нико Хулкенберг и Серхио Перез за 2021 година.

Хулкенберг беше во иста екипа со Перез на минатата трка откако го замени Ленс Строл кој не можеше да се трка од здравствени причини. Возачот имаше силна трка стартувајќи од 20то место, а на крајот заврши на 8та позиција. Перез исто така имаше силна трка и се пласираше на 4то место, но имаше топ 10 старт.

Палмер смета дека дуото, кое нема договор за следната година, би било совршена комбинација за Хаас.

Тандемот кој возеше за Рејсинг Поинт на Нирбургринг е толку силен во средината. Перез и Хулкенберг, кои немаат возачко место следната година, ако јас сум Хаас, би потпишал веднаш со нив.

Тие се пакет и потенцијално најсилен тандем во средината. Двајцата се одлични во освојување на поени, имаат солидни перформанси прилично секој викенд, а Хаас или Алфа Ромео треба да се освежат малку. Тоа би била силна промени која ќе ги направи посилни – смета поранешниот возач на фабричкиот тим на рено.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ