Палмер: Мерцедес ќе имаат лош старт

Поранешниот Формула 1 возач на фабричкиот Рено, Џулион Палмер, верува дека Мерцедес ќе имаат лош старт на новата сезона поради проблемот со потскокнувањето. 

Мерцедес го завршија тестот со заостанување од една секунда зад Макс Верстапен на Ц5 гуми додека Хамилтон и Расел се мачеа со потскокнувањето и подуправувањето на болидот.

Помеѓу Мерцедес, Ред Бул и Ферари, мислам дека Мерцедес имаат најмногу проблем. Имаа доста иновативен дизајн без странични делови, Но сепак се мачат со болидот да го проработат. Тој потскокнува повеќе од другите.

Расел сигурно имаше главоболка од тоа, Тоа е вистински проблем на Мерцедес да се најде баланс помеѓу потисната сила и да не прилепи болидот за земја на правците – смета британецот.

Но сепак, Палмер е сигурен дека Мерцедес ќе најде начин да го среди проблемот. 

МИслам дека Мерцедес ќе најдат начин да победуваат повторно, сепак, имаат осум титули и Тие беа тимот кој имаше најтежок тест. Не се сомневам дека ќе се вратат посилни и сигурен сум дека ја кријат брзината.  

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ