Палмер очекува победи од Мерцедес

Поранешниот Формула 1 возач, Џулион Палмер, очекува Мерцедес да дојдат до првата победа на наредните неколку трки. 

Актуелните конструкторски шампиони ја започнаа сезонава доста бавно и имаа доста проблеми. На последната трка во Унгарија тие стигнаа до својот втор двоен последователен подиум, најмногу поради лошата стратегија на Ферари која им дозволи на Мерцедес да ја намалат разликата кај конструкторите. 

Разликата помеѓу Ферари и Мерцедес сега е 30 поени додека Ред Бул води со 97 поени пред Ферари. Палмер очекува наскоро Мерцедес да дојде и до првата победа. 

Поминаа 13 трки и веќе ситуацијата е јасна. Несомнено тие ќе дојдат до првата победа оваа сезона која ќе се случи на наредните трки. Разликата меѓу Леклер и двојката од Мерцедес се намалува и веќе има борба за втората позиција кај конструкторите поради супериорната стратегија на Мерцедес. 

Палмер ги пофали Мерцедес за одличниот напредок во однос на брзина која ја имаат од квалификациите до трката. 

Во теорија трката на Мерцедес не е нешто добра и личеше само на ограничување на штетата по тренинзите, Но понекогаш не се знае колку кријат перформанси на тренинзите. Тие успеваат да го подобрат болидот на квалификациите и да продолжат напред. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ