Палмер: Саинз не заслужува да биде толку зад Лелер

Џулион Палмер смета дека Карлос Саинз не заслужува да биде толку зад својот тимски колег вовозачкиот поредок откако се судри на почетокот од Австралиското Гранд При и не ја заврши трката.

Така, шпанецот во моментов е дури 38 поени зад својот колега во трката за титула по што многумина посочија дека тој ќе биде само поддршка за Леклер во остатокот од сезоната. Моначанецот до сега два пати освои пол позиција и победи на две трки.

тешко е за карлос затоа што во моментов е 38 поени зад својот колега во шампионатот, а не заслужува да биде толку зад него. толку многу работи беа против него на првите две трки.

некако природно оди во позиција на возач број два во ферари, но јас не мислам дека има разлика во перформанси помеѓу него и леклер. мора да се врати во ритам наскоро затоа што леклер може да побегне дополнително – напиша поранешниот формула 1 возач во својата колумна.

Џулион верува дека Карлос бил жртва на “совршена бура“ во Мелбурн со проблемите од квалификациите и излетувањето на почетокот од трката. Црвеното знаме во последниот квалификациски сегмент му го поништи кругот, така што беше само 9ти на квалификациите, а потоа на почетокот од трката излета сакајќи да надомесвуа загубени позиции.

во к3 саинз имаше проблем, прво немаше среќа што кругот кој беше брз го постави во моментот кога се развеа црвено знаме за сударот на алонсо, така што имаше огромен притисок да испораша безгрешен круг во својот втор обид, а азгревањето на софт гумите беше клучно.

потоа следуваа дополнителни проблеми во однос на тоа што механичарите не можеа да го стартуваат болидот на време и тој се нареди последен од групата која возеше летечки кругови, така што гумите му беа поладни од вообичаено. заврши со нечист круг и за малку ќе излеташе во оградата во 10та кривина и 9то време.

Проблемите продолжија и Скудерија мораа да му дадат нов управувач на Саинз буквално пред трката, но тоа значеше дека тој не е сетиран исто како и првичниот, така што следуваше очајно лош старт и загубени дури 5 позиции во првиот круг.

доби нов управувач на кој секако дека спојката не беше исто сетирана како и на првиот. буквално таа не “гризаше“ како што тој беше навикнат, доцна ја отпушти и за малку ќе му изгсеше болидот, се активираше системот против гаснење и тоа значеше очајно лош старт за него.

потоа самиот претера сакајќи да се врати. шумахер се бранеше во 9та кривина без дрс затоа што беше рано во трката, а карлос сакаше по секоја цен да мине од надвор, но доцна кочеше и излета право во песокот.

беше навистина многу “напален“ за да има цеосна контрола, а по излетувањето азглави во пеок и не можеше да излезе. така, неговата трка заврши пред да почне.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ