Палмер: Саинз требаше да ги одбие Ферари за бокс

Поранешниот Формула 1 возач и сегашен колумнист, Џулион Палмер, верува дека Карлос Саинз требал да ги одбие Ферари кога го повикале по промена на гумибидејќи тоа го чинело добра позиција. 

Саинз стартуваше на хард гуми од крајот на гридот пред да промени на медиум по само 18 кругови во Франција, периодот кога се појави безбедносното возило поради сударот на неговиот колега.

Иако можеше да се заврши трката и со тие медиум гуми, сепак тоа ќе значеше немање грип до крајот. На радио тој и неговиот тим дискутираа за тоа дали да има уште едно менување или не што на крајот се случи и тој заврши на петта позиција иако претходно беше 3ти  Ферари константно се критикувани за лошите стратегии, но Матиа Биното верува дека овој пат тие не погрешиле. 

Сепак Палмер има различно мислење. 

Било кое менување ќе го извадеше Саинз од конкуренција, но сепак освои некој поен бидејќи доби шанса да се бори со нови гуми.

Ферари се несигурни во тоа што го прават и го прашуваат Саинз за мислење кога тој се бори со Перез. Ферари се премислија во моментот кога го престигна Перез, Но веднаш потоа донесоа друга одлука на 11 кругови до крајот кога Саинз беше драстично побрз од Перез.

Секогаш е тешко за некој возач да не ги следи наредбите на тимот бидејќи тие имаат повеќе информации, Но Саинз не требаше да ги послуша како и претходно во Монако и на Силверстон. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ