Палмер смета дека Луис загубил титула поради Валтери

Џулион Палмет смета дека Валтри Ботас го разочарал Луис Хамилтон кога било најпотребно и со тоа придонел британецот да не освои нова титула.

Луис се бореше жестоко против Макс Верстапен во Абу Даби, но беше минат во последниот круг откако контролта на трка го повлече безбедносното возило, а Верстапен беше со нови гуми. Во пресрет на трката тие беа еднакви со поени, така што оној кој ќе сзавршеше пред конкурентот, освојуваше наслов.

Во текот на трката имаше можности кога колегите од иста екипа можеа да им помогнат на конкурентит еза наслов. Серхио Перез беше намено оставен во долга серија со првите гуми за да го забави Хамилтон, во што успеа на огромно задоволство на тимот и на колегата.

Но, Ботас беше заглавен во средината на поредокот во возот од болиди помеѓу то и 8мо место и не можеше да направи ништо за да му помогне на колегата иако Хамилтон не пропушта да го етикетира како свој најдобар колега во историјата.

ботас имаше многу лоша трка и тоа го чинеше хамилтон титула. ако ботас излезеше пред верстапен по промена на гуми, верстапен немаше да има можност да влезе вотр пат, па и трет пат на крајот.

тој беше одличен за тимот многу години, но на последната трка му недостасуваше нешто, беше многу далеку од верстапен и му даде можност да бира стратегија.

ако имавте мерцедес на помалку од 23 секунди зад верстапен во болид кој е брз и миќен, хамилтон сигурно ќе беше повторно шампион.

ботас беше солиден, но кого беше најважно, тој не можеше да му помогне на колегата, за разлиак од перез кој стори се што се бара од нето и се што е можно за да придонесе – објасни палмер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ