Палмер смета дека Мерцедес ќе бидат одлични на Пол Рикар

Џулион Палмер, поранешниот Формула 1 возач, верува дека Мерцедес ќе биде во комбинација за победа на Пол Рикар следниот викенд поради неколку силни страни на В13 кои одговараат на францускиот автодром.

Луис Хамилтон имаше одличен ритам во Британија со многуте новини кои конструкторските прваци ги донесоа на нивната домашна патека, по што се чини дека потскокнувањето кое им губеше перформанси е веќе решено.

Тото Волф посочи дека им недостасуваат 2-3 десетинки до Ферари и Ред Бул, Хамилтон има три подиуми по ред по тешкиот старт на сезоната, а Расел е многу константен. Нивните перформанси се подобруваат како што доаѓаат на ред мазните автодроми, така што и Палмер очекува силен Мерцедес во Франција.

по силните перформанси на силверстон и по низата новини кои ги донесоа, мерцедес изгледаат многу силно, може повторно да победа со хамилтон, иако неговите добри резултати секако дека се должат и на проблемите на верстапен, перез и леклер. 

никој не очекуваше да бидат силни во австрија, имаа темпо, но грешката од квалификациите на двајцата возачи ги чинеа премногу. поради тоа е добро да се анализира чисто ритамот на хамилтон во австрија кога беше многу блиску до водечките кога немаше болид пред себе и лесно ги минуваше болидите од средината на поредокот.

следува француското гранд при на една од најмазните патеки во календарот со средни и летечки кривини, патека на која мерцедес во минатото биле многу силни и тоа е одлична шанса да се борат за прва победа годинава – најави палмер.

Иако сребрениот болид е добар на трка, Џулион посочи дека В13 сеуште треба да покаже перформанси на квалификации каде годинава редовно се борат Ферари и Ред Бул.

досегаа ритамот на трка на мерцедес беше значително подобар одошто квалификациите и ако сакаат да победат во франција мора д бидат силни и во сабота за да бидат во првите два редови на стартот.

една работа е да се има ритам за да се држи контакт со водечките, но да се претекнуваза победа е друга работа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ