Палмер смета дека Ферари мора да воведе тимски наредби

Шарл Леклер е на врвот во возачкиот поредок со 104 освоени поени, дури 51 повеќе од своојт колега Карлос Саинз, а поранешниот возач и сегашен колумнист и аналитичар, Џулион Палмер, смета дека Ферари мораат сериозно да размислат и час поскоро да воведат тимски наредби.

Макс Верстапен заостанува само 19 поени зад моначанецот, но победи на последнит едве трки во шампионатот, додека Саинз иаше тежок почеток на сезоната и се откажа уште во првиот круг во Австралија и на Емилија Ромања. Палмер посочи дека Скудерија уште во Шпанија треба да користат тимски наредби, доколку се најдат во таква позиција.

со сигурност можам да тврдам дека викендов нема да има тимски наредби затоа што ќе биде претешко за карлос да подарува позиции на леклер на неговата домашна трка – смета палмер.

Шпанецот не успева да дојде на нивото на Леклер годинава, но Џулион не исклучува можност отј драстично да напредне и да се подобри.

најтешко му е на карлос затоа што шарл има многу повеќе поени од него годинава. не мислам дека ферари веднаш ќе пчнат со тимски наредби, но никогаш не веле никогаш. неколку лоши трки и се може да биде готово за нив.

неверојатно блиските перформанси на леклер и верстапен ја прави ситуацијата многу сложена и во еден момент тимот мора целосно да застане зад својот подобар возач.

До крајот на пренството има уште 18 трки, така што Палмер смета дека Карлос има доволно време да се соземе и самиот да нападне за титулата.

има уште многу трки во пресрет на шпанското гранд при и би било многу лошо уште сега карлос да му се тргнува од патот на леклер затоа што може да се поправи и самиот да биде конкурентен за титула.

надежта последна умира и се што му треба е некаков инцидент на двајцата кои се борат за наслов и доаѓа во позиција и самиот да биде првак.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ